1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

И-мејлот предизвикува дополнителен стрес

Волфганг Бернерт/бг11 јануари 2016

Преку една милијарда луѓе во светот секојдневно користат електронска пошта. За две години бројката двојно ќе се зголеми. Секојдневното користење на електронската комуникација ги става луѓето под сѐ поголем стрес.

https://p.dw.com/p/1HbQt
Symbolbild Stress am Arbeitsplatz
Фотографија: Fotolia/Joerg Lantelme

Секојдневие во бизнис центарот на Лондон. На пат кон работа набрзина се проверува и-мејлот, доколку тоа веќе не е сторено дома за време на доручекот. Секој шести вработен во Британија се жали на стрес, страв или депресии поради постојаната поврзаност со работата, откри една студија.

Целото видео можете да го погледнете тука:

Работниот и-мејл предизвикува дополнителен стрес

„Откривме дека рамнотежата меѓу работата и животот е сѐ повеќе замаглена поради технологијата, па луѓето чувствуваат дека треба да ги проверат своите и-мејли и надвор од работното време, или и кога не се на работа. Тоа е актуелен тренд. Во исто време бележиме и растечки тренд во кој работодавците велат дека го препознале проблемот и сакаат да им помогнат на вработените“, вели Медлин Мекгиверн, која го истражувала проблемот.

Работодавачите не сакаат да имаат вработени под стрес. Но во исто време тие мораат да бидат подготвени. Дилема која треба секој со себе да ја расчисти.

„Понекогаш самите се ставаме под притисок, со право или не, затоа што доаѓаат толку многу мејлови, некои се важни, некои не, но мора да ги прегледате за да видите што е важно, а што не. Тоа е предизвик, како што е и самиот живот“, вели овој жител на Лондон.

Јасни правила, дека вработениот не смее да ги чита мејловите надвор од работното време, би можеле да помогнат. Но законски рамки во кои тоа би било јасно пропишано, засега не се тема.