1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Раководството на „Опел“ на разговори во Берлин

Дојче Веле (ат)6 март 2009

Германската влада го засилува притисокот врз автомобилскот концерн „Опел“, да предложи одржлив концепт за санација. Денеска во кабинетот на канцеларката Меркел треба да се оддржи нова средба со раководството на „Опел“.

https://p.dw.com/p/H6gb
„Опел“Фотографија: AP

Во телефонскиот разговорот со Карл Петер Форстер, шефот за Европа на „Џенерал моторс“, концернот сопственик на „Опел“, германската канцеларка Ангела Меркел вчера изрази незадоволство во однос на досегашниот концепт за санација на германскиот производител на автомобили. Берлин, пред се’ е незадоволен затоа што „Опел“ се залага да добие 3,3 милијарди евра државна помош, а истовремено планира укинување на повеќе илјади работни места.

Каде води патот?

Wirtschaftsminister Karl-Theodor zu Guttenberg auf dem Wirtschaftsforum in Berlin
Министерот за економија Карл Теодор цу ГутенбергФотографија: AP

На денешната средба во Берлин во кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, покрај шефот за Европа на „Џенерал моторс“, Карл Петер Форстер и шефот на „Опел“, Ханс Демант, треба да присуствуваат меѓу другите и новиот министер за економија Карл Теодор цу Гутенберг и шефот на кабинетот на канцеларката, Томас де Мезиер. Исто така, министерот Гутенберг за една недела планира да отпатува во САД на разговори со првите луѓе во „Џенерал моторс“. Германскиот министер планира и разговори со американските власти, од кои во моментов зависи помошта за „Џенерал моторс“. Многу е тешко, „во некоја форма јасно да се каже на каде води патот“, рече Гутенберг и дополни: „Во голема мера сме на мислење, дека однесувањето на мајката концерн не е од помош за стекнување доверба и многу прашања и натаму се отворени“, рече министерот.

Каде се патентите на „Опел“?

Според информации на медиумите, „Џенерал моторс“ повеќе не ги поседува ниту патентите на „Опел“. Како гаранција „Џенерал моторос“ на американското министерство за финансии му ги предал патентите на германската фирма ќерка „Опел“, а за возврат концернот добил државна помош од повеќе милиони долари, пренесува весникот „Билд“ повикуваќји се на владини извори.

Каков модел предлага Роланд Кох?

Премиерот на покраината Хесен, Роланд Кох, во меѓувреме, предложи сопствен модел за санација на „Опел“. Во неговиот гостински коментар во весникот „Ханделсблат“ тој пишува дека се потребни три до пет милијарди евра свеж капитал за формирање на европско акционерско друштво „Опел/Вохал“. Ова акционерско друштво, според Кох, би требало да ги обедини сите фирми ќерки на „Џенерал моторс“ во Европа. Мајката концерн, смета Кох би требала да има максимално 50 проценти од акциите, а на барање на евентуалниот нов инвеститор и само 49 проценти од акциите. „Опел“ во Германија вработува околу 25. илјади работници во четири фабрики.