Рама: Подобра Македонија нѐ прави сите подобри
12 јули 2017Првата билатерална средба со македонскиот премиер Зоран Заев, за неговиот албански колега Еди Рама поминала многу добро и ветувачки. Двајцата премиери денеска се сретнаа на маргините на самитот ЕУ-Западен Балкан во Трст. Рама во изјава за ДВ изрази надеж дека средбата „ќе ги подигне односите меѓу двете држави на повисоко ниво".
„Многу добра, ветувачка средба со премиерот Зоран Заев. Се надевам дека тоа ќе ги донесе односите на ново ниво. Мене, и на нас, ни е многу јасно дека успешна Македонија ќе значи и успешна Албанија, во смисла дека колку е подобра Македонија, толку подобри сме и сите ние", вели Рама.
Албанскиот премиер повторно ги отфрли критиките кои дојдоа од Македонија на негова сметка поради ткн. Тиранска платформа која беше актуелна во постизборниот период.
„Се работеше за реторика во самата Македонија и јас не морам ни да го објаснувам тоа. Тоа беше дел од внатрешно-политичките пресметки. Несреќа е што такви сензитивни прашања како меѓуетничките односи можат да станат храна за националистички души. Но, сигурен сум дека луѓето разбираат дека тоа е с...е", изјави Рама за ДВ.