1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Раул: имаме иста мотивација како лани

25 мај 2018

Тренерот и ракометарите на Вардар се оптимисти пред утрешниот полуфинален дуел на Фајнал фор турнирот од Лигата на Шампионите во Келн.

https://p.dw.com/p/2yKmm
Deutschland Knapper Sieg gegen Paris: Skopje holt Champions-League-Titel
Фотографија: Getty Images/AFP/I. Fassbender

Тренерот на ракометарите на Вардар, Раул Гонзалес за Дојче веле изјави дека тимот е мотивиран да го повтори ланскиот успех на Фајнал форот во Келн. Тренерот и ракометарите на Вардар се оптимисти пред утрешниот полуфинален дуел на Фајнал фор турнирот од Лигата на Шампионите во Келн. Минатата година Ланксес арената во Келн беше местото каде вардарци го постигнаа историскиот триумф во најквалитетното европско натпреварување по победите над Барселона и Пари Сен Жермен. Годинава, прв противник во полуфиналето е екипата на францускиот Монпелје.

Потсетуваме:

Тренерот Раул Гонзалес не сака да разговара за тоа кој е фаворит на дуелот, но вели дека мотивацијата кај неговите играчи е голема, без оглед на фактот што поголем дел од тимот на крајот на сезоната, вклучувајќи го и него, го напуштаат Скопје. „Имаме иста мотивација како лани. Секој ракометар сонува да игра Фајнал фор и сите треба да се фокусираме на полуфиналето. Некои од нив ќе си заминат, но откако ќе заврши Фајнал фор, дотогаш сме заедно и јас мислам дека ќе направиме добар резултат“, вели Раул за ДВ.

Неговиот колега од спротивниот табор Патрис Канајер вели дека неговиот тим не е дојден туристички во Келн. Напротив, „ние дојдовме да ги победиме и ќе дадеме се од себе да го оствариме тоа“, вели Канајер. „Вардар е актуелен шампион, имаат искуство во ова натпреварување, но ние дојдовме да ги победиме и ќе дадеме се од себе да го оствариме тоа“. Францускиот тренер не го крие рецептот за успех. Тој се надева дека Монпелје, кој го има најмладиот тим на турнирот, може да профитира со брза игра против Вардар. „Ќе се обидеме со добра одбрана и брзи напади. Ќе се обидеме да играме колку е можно побрзо“.

Потсетуваме:

Оптимизмот е голем кај ракометарите на Вардар. Капитенот Стојанче Стоилов вели дека целта е одбрана на трофејот. „Ако одиграме како што треба, ништо нема да зависи од Монпелје“, вели Стоилов. Хрватскиот интернационалец Игор Карачиќ беше уште подиректен на попладневната средба со новинарите. „Единствениот проблем на Монпелје е што игра против Вардар“. „Доколку одиграме како лани, трофејот повторно ќе дојде во Скопје“, најавува Карачиќ.