Рекордна цена за еден од најголемите дијаманти
15 ноември 2017Анонимен купувач на наддавањето во организација на аукциската куќа Кристис во Женева телефонски понуди највисока цена и го купи белиот дијамант за 28, 7 милиони евра. Безбојниот дијамант од 163,41 карат е дел од смарагдниот и дијамантски гердан Грисогоно (The Art of Grisogono), накит кој, според Кристис, претставува „маестрално дело со неспоредлива убавина и извонредна уметничка изработка“. Експертите сепак беа разочарани, со оглед на тоа што очекуваа постигнување цена од 50 милиони долари.
Безбојниот дијамант со исклучителна чистота, во редот на најголемите досега пронајдени необработени дијаманти го зазема 27. место. Каменот бил пронајден во февруари во рудникот Луло во Ангола. По меѓустаниците во „дијамантската престолнина“ Антверпен и екстравагантната обработка во Њујорк, дијамантот крајно беше дооформен во швајцарската јувелирница Грисогоно и интегриран во ексклузивен гердан.
Втор врв на вчерашната аукција во Женева беше наддавањето за еден розев дијамант од 19,7 карати, кој ги красел круните на бројни француски кралици и кралеви, како Луј 14 и Луј 16, и Наполеон. „Grand Mazarin" , наречен според италијанскиот кардинал Мазарин. Тој беше продаден за околу 12,3 милиони евра.