Религиите мора да се почитуваат меѓу себе
2 март 2010Штом патувете од Скопје кон Тетово ве следат бројни минариња и џамии, имено во Западна Македонија доминира албанската етничка заедница. Градот каде почна конфликтот во 2001 година, кога беа спалени Лешочкиот манастир, но и старта прилепска џамија, беше домаќин на нова дебата како и дали може да се чува мултиконфесионалноста и толеранцијата меѓу различните религии?
„Во историјата на овие простори немало сериозен меѓурелигиски судир“, кажа теологот Јакуб Селимовски во дебатата за верската толеранција што ја организираа Демократскиот инстиут и Амерканската амбасада. „Но, во Македонија се’ повидливи се знаците за хриситијанизација наспроти религискиот баланс. Политиката навлезе во светилиштата, благодарение на крстот на Водно и новиот проект ’Скопје 2014’, а верските лидери се’ повеќе се инструмент на политиката, додека религиските заедници и служат пред се’ нејзе“, оцени социологот и професор Алајдин Демири.
Веќе подолго време поглаварите на најголемите конфесии во Македонија ги одбегнуваат взаемните средби и разговори иако растат тензиите меѓу верниците и во општеството. „Повеќе месеци не функционира религискиот совет составен од поглаварите, иако во почетокот тоа беше успешен форум за расчистување на недоразбирањата“, оцени Селимовски, од ИВЗ. Таму се незадоволни од бојкотот кон изградбата на Бурмали џамија во центарот на Скопје, иако барањето за нејзина обнова ИВЗ го има доставено пред три години до тогашната влада на Никола Груевски и Мендух Тачи.
Не смее да има непочитување на различноста
По последните владини одлуки и проекти двете најголеми верски заедници, православната и исламската, се доведени до стадиум на меѓусебна нетолеранција, рекоа учесниците на тетовскиот собир, на кој беа отсутни преставниците на МПЦ и Католичката црква. „Во Македонија нема религиозни гета, но, не смееме да дозволиме да расте непочитувањето на различноста,“ кажа Рахман Мизрахи од Еврејската заедница. Според него во историјата на религиите на балканските простори важеа отоманските принципи - башка и барабар, што значи дека секоја од верите постоеше, но и сите заедно се уважуваа. Ако допуштиме политиката да влезе во светилиштата тогаш со неа ќе се внесе и кавгата, зборуваше Михаил Цеков. „За нас како верски лица е најважно каков е нашиот пристап кон Бога. За мене не излгеда логично верските поглавари полесно да се собираат со посредништво на странците во Женева, одошто дома да ги разменат идеите за решавање на спорните прашања.“ Цеков е поглавар на Методистичката црква од чии редови беше и загинатиот претседател Борис Трајковски, чие мото на секој јавен настап беше-Бог да ве благослови.
Автор: Алексаднар Чомовски
Редактор: Александра Трајковска