1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Речиси 92- процентна ефикасност на Спутник V

СН/агенции
2 февруари 2021

Податоците за руската вакцина против коронавирусот, Спутник V сега се објавени и во реномираното стручно списание „Лансет“. Според нив, вакцината покажала ефективност од 91,6 проценти.

https://p.dw.com/p/3okSM
Coronavirus | Russischer Impfstoff Sputnik V
Фотографија: Dmitry Rogulin/ITAR-TASS/imago images

Руската вакцина Спутник V е 91,6 отсто ефикасна во спречување на заболување од Ковид-19, покажува рецензијата за резултатите на доцниот стадиум на испитување, кој го објави меѓународниот медицински весник „Лансет“.

Научниците наведоа дека резултатите од испитувањето на третата фаза значи оти светот има уште едно ефикасно оружје за борба против смртоносната пандемија и дека одлуката на Москва да спроведе вакцинација пред објавувањето на конечните податоци е донекаде оправдана.

Coronavirus | Russischer Impfstoff Sputnik V
Фотографија: Sergei Bobylev/TASS/dpa/picture alliance

Резултатите од испитувањето кое го направи Институтот Гамалеја во Москва, кој ја разви и ја тестираше вакцината, се во согласност со податоците за ефикасност кои беа пријавени во раните фази на испитувањето, кое се одвиваше во Москва од септември.

Повеќе:

-Вакциниран и заразен – што ми се случи по вакцинирањето со Спутник V 

-Лична приказна 2. дел : Како ја поднесов втората доза на Спутник 5

-Лична приказна: Моето искуство со Спутник 5, руската вакцина против Ковид-19

Развојот на вакцината Спутник V беше критикуван поради брзање и отсуство на транспарентност, изјавија професор Иан Џонс од универзитетот во Рединг и професорката Поли Рој од Лондонското училиште за хигиена и тропска медицина, се наведува во коментарот кој го објави весникот „Лансет“.

„Сепак, резултатот пријавен тука е јасен. Сега уште една вакцина може да  се приклучи  во борбата против Ковид-19 “, порачува весникот.