Речиси без страв на Божиќните панаѓури
Низ цела Германија деновиве почнаа Божиќните панаѓури. По нападите во Париз, оправдан е стравот од натамошни напади. Што мислат луѓето, прашавме на обиколка низ Божиќниот панаѓур во Бон.
Ќе биде добро како и лани
Сара Хама, продавачка на варено зачинето вино (гливајн) „Се надеваме едноставно дека ќе ни биде исто толку добро колку и минатите години и дека луѓето и натаму ќе одат на Божиќни панаѓури. Сметам дека полицијата има се‘ под контрола и ќе не‘ заштитува.“
Не треба да се плашиме
Катја Шуман и Штефан Шедлетски: „Кога си во толпа, имаш извесен сомнеж, те копка некое црвче, но вистински страв кај мене нема. Ќе одиме и натаму на Божиќни панаѓури и нема да дозволиме да не‘ спречат.“
Потсвеста работи
Никлас Рудолф продава декорации: „Се разбира, мислата е присутна во потсвеста, но ако цел ден не го минувате во загриженост, можете да уживате во атмосферата на Божиќните панаѓури, вистински да си ја вршите работата. Иако, мислам дека во Бон постојат адекватни цели на напади.“
Да не се пропушти Божиќниот панаѓур
Бирте од Бон: „Се надевам дека ништо нема да се случи, нерадо би си ја скратила посетата на Божиќен панаѓур. “
Подгревање на несигурноста
Курт Марк е на Божиќен штанд веќе 40 години: „Обично, осудувам кога печатот и телевизиите претеруваат. Тие во моментот луѓето ги прават понесигурни отколку што би требало. Но, немам никакво стравување, луѓето доволно внимаваат на себе.“
„Овде се чувствуваме најбезбедно“
Медхат Бадерка и Јано Абдо од Сирија: „Го сакаме Бонскиот божиќен панаѓур, не веруваме дека овде нешто ќе се случи. Споредено со другите земји, во Германија се чувствуваме многу безбедно.“
Полицијата посредува чувство на безбедност
Главниот комесар Клаус Капелнер: „Немаме никакви конкретни укажувања за загрозеност на Божиќниот панаѓур во Бон. Се разбира, сфаќаме дека некои луѓе се чувствуваат несигурни и со нашата присутност сакаме да сигнализираме: ние се грижиме за нивната безбедност.“