Техника
Фотографија на денот: Роботи на Олимпијадата
31 јули 2021Реклама
Едноокиот хуманоид е висок два метра и не може да дрибла и скока, но затоа може да дава кошеви и тоа со речиси стопроцентна ефикасност. Роботот CUE на Тојота постигнува погодоци од линијата за слободни фрлања, дава тројки, а добро гаѓа и од половината на теренот.
Тојота почна да го развива роботот во 2018 година. Во мај 2019-тата беше контактирана од страна на Гинисовата книга на рекорди во врска со светски рекорд за најмногу последувателни слободни фрлања од страна на хуманоиден робот. Тоа е најважниот рекорд на CUE. Додека се обидуваше да постигне светски рекорд (пет коша едноподруго), роботот помина три часа во реализирање на илјада слободни фрлања едноподруго. Според Тојота, CUE може да гаѓа секои 12 секунди со неверојатна прецизност.