1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Русија го заостри законот за НВО

АТ/ дпа/ афп13 јули 2012

Иако се работи за оспоруван закон, рускиот парламент го усвои: Во иднина странските невладини организации кои работат во Русија ќе се сметаат за „агенти“.

https://p.dw.com/p/15XMa
Фотографија: picture-alliance/dpa

Рускиот претседател Владимир Путин ги стави своите критичари под притисок, вака борците за граѓански права го толкуваат новиот закон за невладини организации (НВО). Организациите кои политички работат во Русија и се финансирани од Западот, во иднина мора да се регистрираат во Министерството за правда како „странски агенти“.

Ова го предвидува нацрт законот, кој со големо мнозинство го одобри долниот дом на рускиот парламент во третото и последно читање. 374 пратеници гласаа за нацртот, кој го предложи владејачката партија Обединета Русија. Тројца парламентарци беа против, а еден воздржан.

Во пракса ова за соработниците на НВО значи дека мора да ја прикажуваат нивната помош од странство. Во поинаков случај се закануваат парични и дури и затворски казни. Заштитниците на човекови права стравуваат дека тие ќе бидат одбележани како шпиони и следени. Освен ова финансиите на странските НВО ќе бидат почесто проверувани отколку на другите организации.

Vladimir Putin Duma
Откако стапи на должност претседателот Путин потпиша редица нови закониФотографија: picture-alliance/dpa

Новите закони ги ограничуваат слободите

По изборот за претседател, Путин иницираше редица спорни закони. Очигледно е дека на тој начин сака да го стесни просторот за опозицијата, велат критичарите. Партијата на Путин, Обединета Русија има апсолутно мнозинство.

Пред летната пауза парламентот на пример клеветата повторно ја впиша во казнениот регистар. Казните за овој деликт се драстично зголемени. Во ноември треба да стапи во сила законот, кој официјално ќе биде насочен против интернет страници со детска порнографија, намалување на опасноста на дрогите како и упатства за самоубиство. Осомничените сторители во иднина без правна постапка ќе може да бидат апсени.

Критичарите сметаат дека законот е обид да се ограничи слободата на мислењето. Рускиот експерт за безбедност Андреј Солдатов смета дека владата со овој закон ќе се обиде да блокира странски интернет страници. Поради протест против законот, оние кои работа на руската понуда на Википедија во вторникот ја исклучија страницата.