Санкциите не се решение
30 март 2018Прилично деловно и без да покаже емоции министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, во Санкт Петербург објави затворање на американскиот конзулат. Американците и нивните западни сојузници сметаа на ваква реакција. Единствено што не се знаеше беше времето кога Кремљ ќе ги протера западните дипломати. Со затворањето на конзулатот Москва стави акцент на темата која ќе биде во фокусот на информативнити емисии за Велигден. Значајно е тоа што Русите споменаа воведување санкции само за Американците - Британците, Французите, Германците и Канаѓаните ќе мораат уште да стравуваат. Во руското Минситерство за надворешни работи не се случува ништо случајно, а особено кога Лавров се обраќа во светските медиуми. Неговата порака гласи: Москва на Вашингтон гледа како на главен противник во оваа криза, иако некогашниот двоен агент е отруен во Велика Британија, со мерките против Русија се раководи од Стејт департментот.
Дополнително дејство на понижување
А тука е повторно обидот Русија со САД да разговара рамноправно, иако за тоа нема основа ни кога станува збор за одбранбената моќ ни за брутодомашниот производ. Понижувањето од страна на Барак Обама кога тој рече дека „Русија е регионална сила“ делува подоцна. Ако САД даде знак за нова рунда санкции, Москва ќе одговори со иста мерка.
Повеќе на темата:
-Исфрлање на дипломати: Шпионирај ме нежно
-Шчербак: Македонија ќе биде легитимна цел на Русија во случај на конфликт со НАТО
Кога на тоа ќе му дојде крајот? Британската премиерка Тереза Меј веќе најави нови санкции против руските инвестиции во Лондон. А спорот со Русија неуверливата премиерка ја зајакна на внатрешнополитички план. Таа не е наклонета кон попуштање. А истото важи и за американскиот претседател Доналд Трамп. Иако и демократите и републиканците му префрлаат дека е преблаг кон шефот на Кремљ, Владимир Путин. Кога зборува за нова спирала санкции Трамп собира позитивни поени во Конгресот. Барем тој е уверен во тоа.
Принципи или бизнис?
Германија пак е целосно поделена: меѓу солидарноста со Велика Британија и жалењето на претприемачите кои поради кризата со Москва бележат загуби во милијарди. Економијата бара запирање на санкциите. Исто така, и враќање на позиција на која Западот барем би можел да соработува со Русија. Но, сето тоа изгледа далечно.
Можеби тоа може да се добие кога политичарите и на Исток и на Запад неколку месеци не би работеле ништо. Само да не се долева ново масло врз огнот. Исто така, и во Русија. Кремљ не би требало да подлегне на искушението талибанците да ги снабдува со оружје, за да нанесе штета на западните интереси. Москва, исто така, не би требало да придонесува за разгорување на бегалскиот бран од Блискиот и од Средниот Исток во насока на Европа. Едноставно да се остават на мир завртките на ескалација.