Американската граница останува затворена за Европејците
27 јули 2021САД и натаму не дозволуваат влез во земјата на Европејци и други странци. „Поради Делта варијантата ќе ги задржиме важечките ограничувања на патувањето“, соопшти портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
Бројот на заразени со коронавирус се зголемува, пред сѐ во групата на невакцинирани, објасни таа. „И, се чини веројатно дека тоа ќе продолжи во наредните недели.“
Делта сојот е во меѓувреме доминантен во САД, но тоа не значи дека би бил вистински чекор во земјата да има повеќе луѓе инфицирани со Делта сој, вели Псаки. Според неа, во моментов нема временски план за траењето на ограничувањата, но „ништо не е неограничено“.
САД ја затворија својата граница за граѓани на ЕУ, Велика Британија, Кина и Иран пред повеќе од една година. Подоцна списокот на земји се прошируваше, беа вклучени и Бразил и Индија. Исклучоци од забраната за влез се прават за новинари, студенти и бизнисмени.
Авионските линии и туристичките концерни вршат голем притисок за укинување на ограничувањата. И канцеларката Ангела Меркел на средината од месецов, при посетата на американскиот претседател Џо Бајден, се заложи за тоа. Координаторот на германската влада за трансатлантски прашања Петер Бејер неодамна аргументираше дека разлабавување на рестрикциите е важно и поради тоа што германските фирми обезбедуваат стотици илјади работни места во САД. Американците, според него, би морале да сфатат дека „ако веќе нема размена, тогаш се загрозени и американските работни места“.
ЕУ во јуни побара од земјите членки да почнат со постепено укинување на ограничувањата за патниците од САД и други држави. Германија потоа дозволи влез од САД „за сите цели на престој, вклучително и туризам“.