САД и Русија се договорија за Сирија
14 септември 2013Сирија, покрај покажувањето на оружјето со кое располага, ќе мора да им дозволи и на меѓународните инспектори непречен пристап до оружјето, изјави американскиот министер за надворешни работи Џон Кери на заедничката прес-конференција во рускиот колега Сергеј Лавров денеска (14.09.) во Женева.
Целото хемиско оружје на Сирија ќе треба да се уништи надвор од таа земја. Кери нагласи дека остануваат американските закани до Сирија дека ќе бидат преземени казнени мерки доколку таа земја не постапува согласно договореното. Сега светот од режимот на Асад очекува исполнување на неговото ветување за уништување на хемиското оружје, рече Кери, додавајќи: „Нема простор за игрички“.
Лавров додаде дека остануваат да се договорат уште многу детали. Дел од тоа е и резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, како и учеството на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ) во Ден Хаг.
Кери изрази благодарност до рускиот претседател Владимир Путин за неговата подготвеност за постигнување договор за уништување на сириското хемиско оружје.
Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле го поздрави договорот на САД и Русија.
„Ако по зборовите следат дела, тогаш шансите за постигнување политичко решение на кризата значително се зголемуваат“, изјави Вестервеле во Берлин.