1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД на курс на конфронтација со Кина поради Хонгконг

ЕМФ | агенции
21 ноември 2019

Претставничкиот дом на САД даде зелено светло за предлог законите за поддршка на протестното движење во Хонгконг, кои претходно беа одобрени и од Сенатот. Сега претседателот Трамп треба да ги потпише или да стави вето.

https://p.dw.com/p/3TS31
USA Washington Kapitol
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/P. Semansky

Американскиот претседател Доналд Трамп има време од десет дена за размислување - притоа неделите се исклучени - и да одлучи дали ќе ги потпише предлог законите или ќе стави вето. Според неименуван извор близок на Трамп, американскиот претседател има намера да стави потпис на законите. Вето се чини и онака неверојатно, со голед на тоа што предлог законите поминаа речиси без забелешки во Сенатот и Претставничкиот дом.

Со стапување во сила на законите САД би можеле да воведуваат санкции против лица кои се одговорни за повреди на човековите права. Освен тоа, на Министерството за надворешни работи би требало да му се поднесуваат годишни извештаи за тоа дали се почитуваат од страна на Кина одобрените автономни права. Освен тоа, се забранува и извоз на солзавец, гумени куршуми, водени топови и лисици наменети за полицијата во Хонгконг.

Hongkong - USA | Versammlung zum Menschenrechts- und Demokratiegesetz
Демонстрантите во Хонгконг одамна бараат поддрша од страна на САД (архивска фотографија)Фотографија: picture-alliance/ZUMAPRESS.com/K. Tsuji

Кина: САД мора да сносат последици

Републиканскиот пратеник Кевин Меккарти оцени дека со ова се испраќа предупредување до Пекинг: „Кина посега по агресивни мерки за со надзор, политички притисок и, како што видовме на викендот, сурово насилство, да обезбеди целосна контрола“, изјави Меккарти. Според него, Конгресот сега гласал за „заштита на американските интереси и за повикување на Кина на одговорност за нејзините погрешни постапки“.

Повеќе: 

„Западот е во криза, а не Кина“

Поголем притисок - повеќе насилство во Хонгконг

Може ли Кина да најде алтернатива за Хонгконг?

Во знак на протест против одлуката на Сенатот, кинеската влада го повика на разговор американскиот амбасадор во Пекинг. Кинескиот министер за надворешнир работи Ванг Ји остро ги притикуваше американските предлог закони за поддршка на демократското движење во Хонгконг, оценувајќи дека со тоа се испраќа „погрешен сигнал“ и „премолчено се одбруваат насилни криминалци“, рекол Ванг Ји на средбата со поранешниот американски мниистер за одбрана Вилијам Коен во Пекинг.

Зменикот на Ванг, Ма Жаошу, претходно рече дека Хонгконг е „внатрешно прашање“ и дека никој не смее да се меша во тоа. Тој од американската влада побара „ефикасни мерки“ за да се спречи предлозите да станат закони. Во спротивно, според него, Кина ќе преземе „контрамерки“. САД ќе сносат „последици“, изјави Ма Жаошу.