1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

САД не биле убедени во хрватското воено јунаштво

26 август 2011

Хрватската војска во „Бура“ била успешна затоа што Србите се повлекле, а не поради своето воено јунаштво, се заклучува од доверливиот извештај на амбасадата на САД во Загреб, објавен на Викиликс.

https://p.dw.com/p/12O2q
Хрватски тенкови во Книн (архива)
Хрватски тенкови во Книн во 1995 година(архива)Фотографија: AP

Американците во 1995 година беа уверени дека хрватската војска во „Бура“ била успешна затоа што Србите се повлекле, а не поради своето воено јунаштво, се заклучува од доверливиот извештај кој амбасадата на САД во Загреб го испратила во Вашингтон и чија содржина е објавена на сајтот Викиликс.

Во дипломатскиот допис, кој амбасадата на 30 август 1995 година го испратила до Стејт департментот, изнесени се забелешките на двајца холандски офицери - Фурандо и Балфур, пренесе денеска хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

„Одлуката за повлекување беше главниот клуч на хрватската победа“, повторил неколку пати Балфур, кој за некои од единиците на хрватската војска изјавил дека тие изгледале како група разбојници.

Американските сенатори Ворнер и Кери разговарале во тоа време во Книн со холандските офицери, но и со набљудувачите и претставниците на ОН за човекови права и со хрватскиот генерал Иван Чермак.

Еден канадски набљудувач рекол дека видел еден хрватски војник кој позирал со постар Србин како трофеј од лов. Тој Србин подоцна е пронајден во блиското поле со куршум во глава, пишува во американскиот дипломатски допис.

Викиликс вчера (25.08) објави околу илјада доверливи дипломатски дописи кои американската амбасада во Загреб од 1991 до 2011 година ги праќала во Вашингтон.

Во меѓувреме, Викиликс објави околу 100.000 нови документи на Стејт департментот на САД, дел од кои имале назнака строго доверливо од американските власти.

Автор: БГ/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска