САД: Преку 700.000 инфицирани, бездомниците во посебно тешка ситуација
Бројот на починати од Ковид-19 во САД во меѓувреме се искачи на преку 37 илјади.
Претседателот Доналд Трамп на последната дневна конференција за состојбата со пандемијата изјави дека очекува од вирусот во САД да починат меѓу 60 и 65 илјади луѓе.
Бројот е далеку под претходните предвидувања за најмалку 100.000 смртни случаи во САД, рече Трамп.
Повеќе:
-Трамп поттикнува протести против мерките за заштита од коронавирусот
-Добро е што Трамп нема да раководи со излегувањето од корона-кризата
-Коронавирус: Зошто Американците се снабдуваат со оружје?
„Секој мртов човек е еден премногу“, истакна претседателот. „Мислам оти постои надеж да останеме далеку под 100.000.“ Тој додаде: „Во моментов веројатно се движиме на околу 60 000, можеби 65.000“.
Како досега оздравени од Ковид-19 во САД се регистрирани близу 60 илјади луѓе.