Самоубиствен напад во Авганистан
29 септември 2007Реклама
Во бомбашки напад врз армиски автобус во авганистанскиот главен град Кабул загинаа најмалку 31 лице, додека околу 20 се ранети. Според властите, станува збор за самоубиствен атентат во кварт северно од центарот на градот. Во автобусот биле офицери и војници на пат кон работното место. Одговорноста за нападот ја презедоа радикалните Талибанци.