Самоубиствен напад во Авганистан
29 септември 2007Реклама
Во бомбашки напад врз армиски автобус во авганистанскиот главен град Кабул загинале најмалку 31 лице,додека околу 20 се ранети.Бројката и на едните и на другите може да се зголеми.Според властите,се работи за самоубиствен атентат во кварт северно од центарот на градот.Во автобусот биле офицери и војници на пат кон работното место.Одговорноста за нападот ја презедоа радикалните Талибанци.