1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Риад и ризиците во Јемен

Керстен Книп/сн26 март 2015

Воздушни напади врз позиции на хути бунтовниците, стационирани трупи и вооружување на границата со Јемен. По повикот за помош на јеменскиот претседател, не е исклучена и обемна копнена интервенција на Саудиска Арабија.

https://p.dw.com/p/1Exxi
Фотографија: picture-alliance/dpa/K. El Fiqi

На крајот на јануари тој под притисок на продорот на припадниците на милитантната шиитска група Хути ( наречена според името на нејзиниот поранешниот лидер Хусеин Бадредин ал Хути), од главниот град Сана побегна во пристанишниот град Аден. Сега Абд Мадо Мансур Хади, пред налетот на Хутите побегна и од Аден . Но каде точно се крие, избраниот претседател на Јемен? На ова прашање досега нема одговор. Но околноста дека тој по втор пат бега покажува колку е драматична стуацијата во земјата на угот на Арапскиот полуостров.

Надмоќноста на напредувачките Хути претседателот ја смета за толкава закана што завчера писмено од Советот за безбедност на ОН побара усвојување на резолуција, кај би требала да ги спречи бунтовниците да го заземат градот Аден. Неговото писмо за сега остана без одговор. Тоа како да ги охрабри неговите противници.

И во Риад, кој се наоѓа малку појужно, со голем вознемиреност се следи заострувањето на ситуацијата во соседен Јемен. Уште во понеделникот саудијскиот министер за надворешни работи Сауд ал-Фаисал изјави дека, ако пропаднат мировните напори, земјите од арапскиот свет и регионот ќе бидат подготвени да превземат неопходни мерки. Во меѓувреме долж границита е поставено вооружувење во голем обем. Масивна воена интервенција земјите-членки на Организацијата за соработка во Персискиот заливот од ден во ден станува сѐ поизвесна.

Saudi Arabien führt Luftschläge gegen die Huthi-Rebellen im Jemen durch
Фотографија: picture alliance/AA/Yiter

Краткорочна корист од воена интервенција

Што меѓутоа би можело да се постигне со воена интервенција? Краткорочно многу работи, пишува политикологот Гамал Гасим во анализата за ТВ-каналот Ал-Џазира. Таа би можела да ги спречи припадниците на движењето Хути, кои се поврзани со поранешниот претседател Али Абдул Салех, по Сана и другите градови сега да го заземат и пристанишниот град Аден. Токму Салех игра на картата на бунтовниците. Со нивна помош тој сака да го симне од власт актуелниот претседател Мансур Хади и повторно да влезе во претседателската палата по принудното повлекување во есента 2011. година. За остварување на таа цел тој би толерирал и можно расцепување на земјата.

Воена интервенција би била и јасна закана за Иран. Според саудиското гледање на работите, Иран ги поддржува Хутите, кои во очите на Риад се марионети на Техеран. Преку нив, како што сметаат Саудиците, Иран се обидува да го оствари своето влијание во Јемен и да го прошири на арапскиот полуостров. Доколку актуелниот претседател Хади, кој е поврзан со Саудиците, биде симнат од власт, Техеран ќе продолжи да го шири своето влијание во Јемен.

Jemen Zerstörung in Sanaa nach dem Luftangriff
Фотографија: AFP/Getty Images/M. Huwais

Иран како нова регионална сила

Тоа би можело да биде големо искушение за Иран, посебно по дефинитивното повлекување на припадниците на американската војска од крајниот југ на арапскиот полуостров, кое заврши пред неколку дена. И тоа во Риад се следи со голема загриженост. Повлекувањето на војниците се толкува со намерата на САД да го придобие Иран како нов сојузник и тоа на сметка на саудиско-американската оска, која функционираше со децении.

Саудиците тоа ги вознемирува посебно поради фактот што Иран од избувнувањето на арапската пролет успешно ја надградуваше својата стратешка надмоќ. Техеран имаше значителен придонес за тоа што на Башар ал-Асад му успеа да се спротистави на бунтовниците и противниците на неговиот режим во Сирија. Иран има најдобри контакти со новата ирачка влада и ја поддржува во походот против радикалното движење Исламска држава. Иранскиот режим на мулите во Либан има силен сојузник- Хезболај. Иран би можел конечно да се обиде да го прошири своето влијание и на Бахреин, кој е иако под владеење на сунитската кралска куќа неговото население е мнозински шиитско. Таа загриженост Саудиска Арабија уште во 2011. година ја поттикна да испрати своја војска во соседната земја, за да го задуши востанието, кое во голем дел го иницираа и спроведуваа шиити. Во рамки на овие настани напредувањето на Хутите во Јемен за Саудиците преставува двојна закана.

Ризиците на копнена интервенција

Прашање е дали вооружена копнена интервенција во Јемен долгорочно би ги дала посакуваните резултати. Саудиска Арабија треба да стравува не само од немири на границата со Јемен. Таа мора да смета на тоа дека и Хутите ќе се обидат да го дискредитираат претседателот Хади и оти ќе го наречат марионета на Риад. Неизвесно е меѓутоа и како населението во Јемен, кое во 2011. се крена против тогашниот претседател Салех, би реагирало на влегувањето на саудиската војска. „За да биде успешна воената интервенција, би морало да следи политичко соопштение или гаранција со која на Јеменците би им се гарантирало дека влегувањето на саудиската војска нема за цел да го задуши нивниот бунт, тука напротив да го поттикне“, вели Гамал Гасим. Но со бунтовници саудиското кралство досега секогаш се мачело.

Jemen Sanaa Huthi Rebellen
Хути бунтовнициФотографија: Imago

Саудиската интервенција пред сѐ би предизвикала тензии со Иран. Во досегашниот тек на конфликтот Саудиска Арабија на сите полиња го извлече подебелиот крај. Како во Сирија, рака и во Ирак, успеа да се наметне Техерен. Освен тоа Саудиска Арабија нема интерес насилството кое владее во овие две земји да се пренесе и во Јемен. Во тој случај Саудиска Арабија би се чувствувала изложена на заканата од Исламската држава и од Ал Каеда не само на меѓусебната граница со Ирак туку и на границата со Јемен. И додела Ал Каеда во Јемен веќе со години има добро етаблиран и агресивен огранок, Исламската држава таму се обидува да стекне влијание од неодамна. Какви се плановите на оваа терористичка организација во Јемен, можеше да се насети пред неколку дена, кога ја презеде одговорноста за нападот врз шиитските верници во минатиот петок во кој загинаа 140 луѓе. Саудиска Арабија со воената интервенција се изложува на големи стратешки и политички ризици. Сѐ уште е отворено прашањето како Иран ги проценува сопствените ризици.