Рекорд во носење кригли со пиво
4 септември 2017Реклама
Во Гиламос во покраината Баварија, Оливер Штримпфел го собори својот досегашен рекорд од 2014. година од 25 кригли, поставувајќи нов, со носење 29 кригли со пиво. Вчера, 03.09, беа планирани два обида, уште во првиот тој успеа да носи 27 полни кригли со пиво, во вториот обид тргна со 31 кригла, по пат една му падна, од една се истури повеќе од 10 проценти од пивото, па на целта однесе и беа изброени 29 кригли тешки вкупно околу 70 килограми. Беше присутен и нотар, за официјално да го потврди поставувањето на рекордот. Штримпфел редовно тренирал изминатите месеци, по неколку часа дневно.