Оливер Штримпфел го собори својот сопствен и постави нов рекорд во носење кригли со пиво - успеа со 29 кригли. Во Гиламос во покраината Баварија, беше присутен и нотар, за официјално да го потврди поставувањето на рекордот. Штримпфел редовно тренирал изминатите месеци, по неколку часа дневно.