1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Медиуми

Светските ѕвезди ги замрзнуваат профилите на социјалните мрежи

СН/дв
17 септември 2020

Станува збор за 24-часовна акција со која познатите личности протестираат против ширењето на говор на омраза и на дезинформации на социјалните медиуми. Своите профили на Фејсбук, Инстаграм итн, веќе ги замрзнаа Ким Кардашијан, Наоми Кембел, Леонардо ди Каприо...

https://p.dw.com/p/3ibwJ

24-часовното замрзнување на профилите е дел од кампањата #StopHateforProfit (Запрете ја омразата за профит) која беше покрената од групи за граѓански права во САД по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на насилна полициска акција за негово приведување. 

Тие бараат фирмите сопственици на социјалните медиуми да ги зголемат своите напори во борбата против говорот на омраза и дезинформации на интернет. Претходно летово, повеќе компании од висок профил ја поддржаа кампањата со повлекување на нивните реклами на социјалните мрежи. 
Во меѓувреме, извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг, најави дополнителни мерки на претпазливост кои ќе помогнат да се осигура безбедност и точни информации пред претстојните претседателски избори во САД на 3. ноември.