1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се бара замена за Никола Димитров

Александар Чомовски4 ноември 2008

Македонски владини претставници ја критикуваат одлуката на претседателот Бранко Црвенковски, за разрешување на долгогодишниот преговарач во спорот за името со Грција. И самиот Никола Димитров разочаран од одлуката

https://p.dw.com/p/FnMk
Никола Димитров по една од бројните средби во ОН со посредникот Метју Нимиц и грчкиот колега Адамантиос ВасилакисФотографија: MIA

Македонската влада е во интензивна потрага по нов дипломат, кој ќе го замени Никола Димитров кој вчера беше разрешен од функцијата македонски претставник во преговорите што се водат во ОН за разликите меѓу Скопје и Атина околу името.

Димитров незадоволен од образложението за неговото разрешување

Македонскиот претседател Бранко Црвенковски на вчерашната собраниска седница при расправата за Резолуцијата за утврдување државна стратегија за името, објави дека донел одлука да му престане мандатот на Димитров, со цел, како што рече, „да се прекине несериозната ситуација која се користи од грчка страна како аргумент против Македонија за постоење на два преговарачи, на одвоени средби, на посебни консултации“.

Neuer amerikanischer Botschafter in Skopje Philip T. Reeker mit maz. Außenminister Antonio Milososki
Министерот Милошоски и амбасадорот на САД, РикерФотографија: DW / Dragan Todorovski

Димитров, кој цели пет години ја извршуваше оваа функција денеска изрази несогласување од понуденото објаснување за неговото отповикување од функцијата. Во денешната писмена изјава доставена до медиумите дипломатот истакнува дека токму тој постојано работел и јавно апелирал за единствена и натпартиска национална платформа за прашањето на името.

„Кога станува збор за прашањето на името, личната и професионалната судбина се сосема неважни“, истакна Димитров.

Тој беше назначен за специјален претставник на Македонија во разговорите за името во 2003 година. Во годините додека тој беше преговарач, се интензивираа разговорите со Грција за името и дојдоа неколку предлози кои беа отфрлени или од македонска или од грчка страна.

Милошоски: Недржавнички потег на Црвенковски

Амбасадорот на САД во Македонија Филип Рикер денеска изјави дека сега не е време да се оценува дали смената на Димитров , ќе има влијание врз разговорите меѓу Скопје и Атина.

UN Mediator, Mathew Nimitz in Skopje
Несогласувањата меѓу претседателот Црвенковски и премиерот Груевски се одразуваат и врз преговорите со Грција за иметоФотографија: Dragan Todorovski

Од другастрана шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски оцени : „Ова е многу недржавнички потег од политичар што се смета себеси за државник“. Според Милошоски, ова претставува своевидно абдицирање на претседателот Бранко Црвенковски од одговорноста за решавање на долгогодишниот спор и штетен потег за земјата. Милошоски денеска одржа брифинг во владата со вториот македонски преговарач Мартин Протуѓер, кој е шеф на кабинетот на премиерот Никола Груевски.

Инаку македонско-грчките преговори за името само ги продлабочија меѓусебните разлики и нетрпеливост меѓу претседателот Црвенковски и премиерот Груевски кои беа демонстрирани и во нивните обраќања на вчерашната седница на македонскиот парламент на која беше усвоена Резолуцијата за заедничката стратегија на државно-владиниот врв во натамошните преговори со Грција.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема