1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Се излеа Вардар- настрадаа галиите

БГ
1 декември 2017

Вардар денеска се излеа на неколку места во центарот на Скопје. Надлежните велат дека нема опасност од поплави, но се преземаат мерки за заштита. На кејот се поставуваат вреќи со песок.

https://p.dw.com/p/2ockQ
Mazedonien Überschwemmungen in Skopje
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Поројните дождови го преполнија коритото на реката Вардар во центарот на Скопје. Надлежните велат дека нема опасност од поголеми поплави, но за секој случај се поставуваат вреќи со песок покрај кејот. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека излевањето на Вардар се должи на градежните активности во минор-коритото на реката, поради што дошло до излевањето. Од градот Скопје неофицијално најавуваат дека наскоро ќе излезат со план за отстранување на некои објекти од речното корито. Галиите, кои денеска беа повторно поплавени, веројатно ќе бидат меѓу првите? 
Последиците можете да ги видите во фото-галеријата од излевањето. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема