Се отвара Холокауст архивата во Бар Аролсен
16 мај 2007Реклама
Холокауст архивата во Бад Аролсен Германија за прв пат по 50 години ќе дозволи пристап на историчарите. На ваквиот потег се согласија преставниците на 11 земји кои два дена разговараа во Амстердам. Во архивата во Бад Аролсен се наоѓаат документи за повеќе од 17 милиони затвореници, присилни работници и жртви на нацистичкиот режим. Досега архивата беше достапна само за Црвениот крст.