1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Се „рони“ одбраната на Исламска држава во Рака

ЖА
4 јули 2017

По повеќемесечни борби, коалицијата против терористичката милиција јавува за успешен пробив во центарот на Рака, упориште на Исламска држава

https://p.dw.com/p/2ftNl
Syrien Kurdische Kämpfer der YPG in Rakka
Фотографија: Reuters/G. Tomasevic

Во борбите за Рака, упориштето на Исламска држава во Сирија, како што јавува антиџихадистичката коалиција, СДФ, Сириските демократски сили, поддржани од САД, успеале да направат решавачки пробив во самиот центар, односно стариот дел од градот. СДФ-трупите ги преминале историските градски ѕидини и со тоа и одбранбената линија на терористичката милиција Исламска држава. Успехот следува откако антисламистичката коалиција го нападнала бедемот на две точки, наидувајќи на огорчен отпор од борците на ИД, која го користи за одбрана и ги има минирано постојните влезови низ него, соопшти американската војска. Со помош на новоотворени мали отвори во ѕидините, војниците на антиџихадистичката милиција успеале да ги заобиколат терористите, спасувајќи го од уништување остатокот од бедемот, долг околу дваипол километри.

Покрај од сојузниците речиси целосно освоениот град Мосул во Ирак, градот Рака на брегот на реката Еуфрат е  најважното упориште на ИД. Рака всушност претставува главен град на Исламска држава и во нејзини раце е од 2014. година. Во ноември 2016. година силите предводени од САД го започнаа ослободувањето на градот од рацете на сунитските екстремисти.