„Горан Велики“ и неговите следбеници
31 март 2021Кога македонската фудбалска репрезентација ќе се соочи со единаесетмината на ДФБ (н.з. Германски фудбалски сојуз) во квалификациите за Светското првенство тоа ќе биде премиера. Ваква средба немало никогаш порано и тоа не се должи само на „новото“ име на балканската држава.
Во 1991 година, Република Македонија прогласи независност од Југославија, што доведе до спор за името со јужниот сосед Грција- од јануари 2019 година официјалното име на земјата гласи Северна Македонија. Националната репрезентација секогаш била истатата и еден постојано бил во неа во последниве 20 години.
Sвезда на тимот: Горан Пандев
Станува збор за Горан Пандев- нешто како национално светилиште во Северна Македонија. 37-годишникот е капитен, ветеран и сè уште е главата алка во тимот. Пандев во моментов е под договор во фудбалскиот клуб Џенова во италијанската Серија А. Со Интер од Милано тој веќе еднаш ја освои Лигата на шампионите и тоа во финалето против Баерн Минхен.
Повеќе:
-Германски медиуми: С. Македонија е во фудбалски налет
-Фудбал: Германците среќни поради лесната група со Северна Македонија
-Македонија и Пандев ќе дебитираат на ЕП на 13 јуни во Букурешт против Австрија
„Националниот дрес за мене е свет“, вели рекордерот по бројот на настапи и голови во македонската репрезентација. Весникот „Спорт“ го нарекува „наша икона“. Неговиот тренер Игор Ангеловски му оддава почит со зборовите: „Можете да го доведете во прашање Александар Велики- но не и Горан Велики“.
И втората и идна ѕвезда на тимот игра во Италија. На 21 година, Ељиф Елмас е вистинско младо момче во споредба со Пандев. Офанзивниот играч за врска од Наполи може да се користи флексибилно во формацијата на тереност. Додека тој во Наполи најчесто влегува на тереност од клупата за резерви, тој е стандарден првотимец во тимот на националниот селектор Ангеловски.
Пораз и победа во квалификациите за СП
Тимот солидно започна во групата Ј од квалификациите за Светското првенство во Катар. По тесниот пораз од 3:2 против Романија на гости, следуваше убедлива победа од 5:0 над Лихтенштајн. Нормално, Северна Македонија би можела да се бори со Романија, Исланд и со Ерменија за второто место во квалификациската група.
Прво Европско! Потоа Светско првенство?
Дури и без големи имиња, тимот е гладен и навистина сака да ги изнервира големите фудбалски нации: Во 2017 година, имено македонската репрезентација успеа да ремизира против Италија. Најголемиот успех во фудбалската историја на Северна Македонија е несомнено пласманот на Европското првенство налето.
Како победник на најслабиот сегмент Д во Лигата на нации, тие ги искористија новите правила на УЕФА. Победата од 1-0 во Грузија и го донесе на Северна Македонија првото учество на турнирот. Стрелец на победничкиот гол беше се разбира: Горан Пандев, кој потоа беше избран за „Спортист на годината“ во земјата. Холандија, Австрија и Украина се противници на македонската репрезентација во групата Ц на ЕУРО.
Но, тоа не е доволно за селекторот Ангеловски, кој дури го доведува во прашање планираниот крај на кариерата на неговиот капитен Горан Пандев: „Дури и по Европското првенство, за Горан нема пензија. Прво треба да одиме во Катар на СП 2022 година ! “
Прилог на спортската редакција на првата програма на германскиот јавен радиодифузен сервис- АРД по повод денешниот натпревар во Дуизбург меѓу репрезентациите на Германија и на Северна Македонија во рамките на квалификациите за СП 2022 во Катар.