Седум години затвор за Берлускони
24 јуни 2013Реклама
Милански суд му изрече казна затвор од седум години на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони во судскиот процес наречен „Руби“, во кој тој беше обвинет за секс со малолетна проститутка. Оваа пресуда е во прва инстанца и освен затворската казна предвидува јавна забрана за вршење јавна должност на Берлускони.