1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Човечка димензија во правото

Барбара Везел/превод:бг24 јули 2015

Семејствата на загинатите патници на Џерманвингс ја сметаат понудената отштета за навредувачки ниска. Луфтханза нуди 25 илјади евра по семејство. Во тој поглед недостасува европска регулатива, смета Барбара Везел

https://p.dw.com/p/1G471
Фотографија: picture-alliance/dpa/P. Kneffel

Пред околу три години, адвокати и експерти од Германија и цела Европа дискутираа за паричната компензација за семејствата на жртвите во несреќи. Тогашниот германски претседател Кристијан Вулф имаше јасна позиција: правилата за такви барања ќе му дадат човечка димензија на инаку нехуманиот закон.
И експертите се надоврзаа на ова барање: финансиската компензација за болката и страдањето на семејствата на загинатите може да се наречат „бенефиции за жалост“. Тоа ќе биде симбол за сочуство за емоционалното страдање и ќе оддаде чувство на правда. Но, со оглед на спороста на германскиот правосуден систем, сѐ уште нема ништо од тоа.

Други европски држави одамна го регулираа тоа. Италија, Франција, Велика Британија и Австрија во вакви случаи одделуваат по 100 илјади евра за семејствата на жртвите, некои и повеќе. Во Европа на отворени граници, ова е еден од законите кои треба да се стандардизираат. Во Франција, на пример, ваквите случаи се третираат далеку повеликодушно одошто во Германија. Но дали болката на германските семејства е помала од онаа на француските?

Porträt - Barbara Wesel
Барбара ВезелФотографија: DW/Georg Matthes

Нееднаквоста води кон чувство на неправда

Различните пристапи креираат чувство кај семејствата на жртвите дека постојат и класни системи за жртвите. Меѓу загинатите во авионот на Џерманвингс беа и двајца американски државјани за кои компанијата, согласно американските закони, ќе мора да плати далеку поголема отштета. Сумите во САД можат да бидат огромни и Европа не треба да го следи тој пример.
Но заеднички закон за отштета во случај на несреќи, исплатена како бенефиција за смртен случај, ќе биде чекор во вистинска насока.

Секако, дебатата треба да го вклучи и етичкиот аспект. Парите нема да ги вратат мртвите. Но парите можат да им го олеснат животот на семејствата. Парите плаќаат за психолози, негуватели, нова кариера- било што што може да ја подобри состојбата на оние кои ги живеат последиците на трагичните несреќи.

Случајно или не, најголеми противници на вакво законско решение се осигурителните компании, и тие треба веднаш да престанат со противењето, затоа што и онака доволно заработуваат на туѓата несреќа.

Ужалените семејства барем ќе добијат на располагање јасни правила во тешки времиња, и барем малку ќе им го смири чувството на бес. Многумина сметаат дека компензацијата од Луфтханза за настраданите во летот на Џерманвингс е прениска и како таква и навреда за загинатите членови на семејствата, иако животот на ничиј син, ќерка или сопруг никогаш не може да биде вреднуван во пари.