1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сериски силувач од Србија уапсен во Берлин

БГ/ ДВ
15 јули 2020

По најмалку осум напади, синоќа во Берлин е уапсен сериски силувач. Според наводи на полицијата и медиумите, се работи за државјанин на Србија. Жртвите ги пронаоѓал во шуми додека шетале или џогирале

https://p.dw.com/p/3fNiJ
Deutschland Polizei sucht bei Potsdam nach Vergewaltiger
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Stähle

Полицијата верува дека го пронашла лицето кое е одговорно за осум силувања и обиди за силување во околината на Берлин во последниот месец. Според полицијата, во прашање е 29-годишен српски државјанин кој немал постојана адреса во Германија. Осомничениот во меѓувреме е во притвор.
Според германските власти, лицето било многу агресивно и давало отпор при апсењето. Тој ги напаѓал жените среде бел ден во берлинските шуми, откако прво ги прашувал да му го покажат патот на англиски јазик. Потоа ги одвлекувал во зафрлените делови на шумата каде ги злоставувал со часови. По силувањето, напаѓачот станувал нежен, се обидувал да се грижи за жртвите, па дури и да договори „состанок“ со нив, а потоа бегал.
Полицијата го фатила во вторникот вечерта, откако претпладнето силувал уште една жена која џогирала во шума меѓу Берлин и Потсдам.

Пронајден со фото-робот

„Сега ни е многу полесно. Во последно време секогаш се движевме заедно, затоа што знаевме дека има силувач. Не излегувавме сами на џогинг, не се возевме сами, ниту навечер не излегувавме сами“, изјави за телевизијата РТЛ една жена која живее во близина на местото каде што е уапсен осомничениот. 
Полицијата објави снимка од осомничениот, кој и бил познат на полицијата и од други дела, минатата среда. Во рок од неколку дена граѓаните на полицијата и дале околу 300 информации за српскиот државјанин.
Освен што пронашла ДНК на сторителот на местото на злосторството, полицијата успеала да го улови и на безбедносни камери.