1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Британската корона-мутација досега потврдена во 50 земји

СН/агенции
13 јануари 2021

Мутацијата на коронавирусот, првпат откриена во Велика Британија, сега е потврдена во 50 земји. Како што објави СЗО , другата варијанта, првично докажана во Јужна Африка, досега се проширила во 20 земји.

https://p.dw.com/p/3nrPG
UK Corona Pandemie | Kent
Фотографија: Grant Falvey/ZUMAPRESS/picture alliance

Мутацијата на коронавирусот од Велика Британија за првпат беше пријавена во земјата на 14 декември. Светската здравствена организација во денешното соопштение образложи дека кај оваа варијанта на вирусот нема абнормалности во однос на распределбата на инфекциите спорет возрасната група и полот.  Меѓутоа утврдена е „поголема преносливост“ на вирусот.

Јужноафриканската варијанта првпат беше пријавена на 18 декември. И за оваа варијанта е „можно“ да биде пренослива во поголема мера, објави СЗО.

Südafrika Corona-Pandemie Johannesburg
Фотографија: Luca Sola/Getty Images/AFP

Инфекција со вирусната варијанта од Велика Британија за првпат беше откриена во Германија непосредно пред Божиќ, а инфекцијата со мутацијата од Јужна Африка е пријавена вчера од Министерството за социјални работи во Штутгарт.

Повеќе:

-Англија во целосен карантин – болниците пред колапс

-Европа се изолира од Велика Британија поради новата варијанта на коронавирусот

-Мутираната верзија на коронавирусот не е причина за паника

Во днешното соопштение на СЗО  се осврнува и на неодамна откриената варијанта на вирусот во Јапонија, која, како што е истакнато, предизвикува загриженост. Колку повеќе се шири вирусот, толку повеќе можности ќе има за мутирање. Затоа, мора да се очекуваат натамошни мутации. СЗО истакна дека ширењето на мутациите е веројатно потценето бидејќи соодветните капацитети за истражување не се достапни насекаде.

СЗО објави дека новата варијанта, која беше откриена во Јапонија на 9 јануари, е пронајдена и кај четворица патници од Бразил - двајца возрасни и две деца. Бразилските истражувачи исто така известија за слична мутација, која се претпоставува дека се развила независно од варијантата пронајдена во Јапонија.