1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Музика

Си замина „морскиот волк“

БГ
30 јули 2018

Легендарниот Оливер Драгојевиќ почина во неделата во 71. година од животот, по долго и тешко боледување. Неговите песни ќе останат вечно сеќавање на големиот музичар

https://p.dw.com/p/32HkF
Musiker Oliver Dragojevic
Фотографија: Imago/Pixsell/O. Karabegovic

Оливер Драгојевиќ ја загуби битката со ракот на белите дробови во сплитската болница во неделата, на 29 јули, во 5 часот наутро.

Роден во Сплит во 1947 година, Оливер детството го минал во Вела Лука, на островот Корчула. Драгојевиќ имаше кариера која траеше четири децении и беше сметан за музичка икона во Хрватска, но и на Балканот.

Беше еден од ретките хрватски музичари кои настапија во њујоршкиот Карнеги Хол, во лондонскиот Ројал Алберт Хол, како и во париската Олимпија. Соло кариерата на Драгојевиќ започна во 1974 година на Сплитскиот фестивал, каде победи со песната „Ча че ми Копакабана“.

Musiker Oliver Dragojevic
Оливер Драгојевиќ на концерт во Загреб во 2013 годинаФотографија: Imago/Pixsell/O. Karabegovic

Една година подоцна, заедно со композиторот Зденко Руњиќ ја издадоа песната „Галеб и Јас“ која стана голем хит и го издигна Оливер во врвот на југословенската музика.

Неговите прекрасни балади се слушаат и децении подоцна. Зад себе ги остави сопругата Весна и синовите Дино, Дамир и Давор.

Хрватска и Балканот тагуваат по Оливер