1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Слаба изборна кампања на ЦДУ/ЦСУ

11 август 2005

Внатрешно-политичките теми денеска доминираат во коментарите на дневните весници во Германија.

https://p.dw.com/p/AeCh
Лидерите на либералите, ЦДУ и ЦСУ: Вестервеле, Меркел и Штојбер (од лево кон десно)
Лидерите на либералите, ЦДУ и ЦСУ: Вестервеле, Меркел и Штојбер (од лево кон десно)Фотографија: AP

“Тагесцајтунг“ околу изборната стратегија на опозиционите партии на унијата, ЦДУ и ЦСУ, пишува:

“По една недела бруто и нето ветувања на Меркел и слаби резултати во анкетите, унијата ја менува изборната тактика – сега девизата гласи – свртување на вниманието на друга страна. Ангела Меркел пред само неколку недели храбро, как парола ја истакна искреноста на нејзината изборна програма. Но, на нејзината партиска база и е претешко на избирачите да им го објасни барањето на унијата за зголемување на данокот на додадена вредност. Од страв од СПД во бродот на некаква голема коалиција, или дури и пораз пред некаква црвено-црвено-зелена коалциија, сега унијата посега по старите рецепти – од вреќата ја вади личната борба против Герхард Шредер.“

“Висбаденер куриер“ забележува:

“По серијата грешки и баксузи, на почетокот на жешката фаза од изборната кампања унијата се потпира врз својата најголема сила: слабоста на владата на Шредер. За да ја постигне изборната цел – 45% освоени гласови, што пред неколку недели беше скромна, а сега цела полна со барања, наместо на народот кој е малку одушевен да му се објаснуваат и натаму сопствените даночни и други планови за иднина, се посакува концентрација врз грешките на противникот. “

И “Офенбургер Тагеблат“ смета дека изборната борба на унијата досега е малку убедлива:

“Црните сестрински партии се некако сеуште во потрага по себе си и по јасен заеднички курс. Досега тие нудеа основа за стрели од левите конкуренти во изборната борба, и нанесуваа штета на Ангела Меркел и содржински многу ја игнорираа својата изборна програма. Дали така изгледаат победници?“

“Тирингер Алгемајне“ се осврнува на лошите резултати на партиите на унијата во истражувањата на јавното мислење:

“Можеби во Германија канцеларот не се избира, туку му се откажуа љубов. Но, она што досега можеше да се чуе за тимот на Меркел звучи млако. Никому не му се оттргнува воздишка кога ќе ги чуе имињата на Шојбле, Бекштајн, Шаван или Алтхаус. Дури и во стопанството се прават гримаси као кога ќе се касне лимон. Токму заради тоа избирачите се колебаат. Оттука и промената во истражувањата на јавното мислење.“

Околу најновиот предлог на шефот на Германскиот институт за економски истражувања, Клаус Цимерман, за зголемување на старосната граница за одење во пензија, “Експерес“ од Келн, со прашања:

“Со 69 години сеуште да се стои покрај фабричка лента: Со 72 години да се работи со скратени работно време за на тој начин да се подобри пензијата? ОНа што претседателот на ДИв, Цимерман, го рпедлага делува како лош виц. Што е ова зборување за одење во пензија најрано со 70 години, кога на напрегнатиот пазар на работна сила работа не можат да најдат ниту 50 годишниците: Апсурдно е да се верува дека фирмите во иднина ќе ги вработуваат своите вработени до 70 година,само затоа што работодавачот сака на тој начин да ги финансира пензиите.“

“Зидојче Цајтунг“,пак, со претскажување:

“Вистинскитепроблеми допрва претстојат. Сеуште одвај се чувствуваат последиците од општествто во германија кое старее. Вистинскиот тест на издржливост почнуува дури во 2010 година, кога генерациите што раѓаа повеќе деца ќе заминат во пензија. Тогаш се помал број млади ќе ги финансираат пензиите на старите. Работодавачите ќе мора да им кажат дека им се продолжува работното време. На пензионерите ќе треба да им се каже дека ќе имаат скратувања на пензиите. Тоа не се добри пораки во една изборна борба. Но, силни зборови и слаби дела не му помагаат на пензиското осигурување.“