1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словачка има нов премиер

СН/агенции
1 април 2021

Со реконструкција на кабинетот засега е надмината владината криза во Словачка. Едуард Хегер положи заклетва како нов премиер. Претходникот Матович поднесе оставка откако беше обвинет за сериозни грешки во корона-кризата.

https://p.dw.com/p/3rUV5
Slowakei Bratislava | Eduard Heger ist neuer Premierminister
Фотографија: Martin Baumann/AP/picture alliance

Новата словачка влада, предводена од Едуард Хегер денеска положи заклетва, со што и беше ставен крај на политичката криза околу одлуката на доскорешниот премиер да купи вакцини Спутник V.

Игор Матович поднесе оставка во вторникот по жестоките критики од владејачката коалиција не само за набавката на руските вакцини против коронавирусот туку и за целокупното управување со пандемијата, која силно ја погоди Словачка.

„Луѓето очекуваат акција и резултати од нас. Мора да сториме уште многу", рече Едуард Хегер по церемонијата.

Slowakei Bratislava | Eduard Heger ist neuer Premierminister
Фотографија: Jaroslav Novak/AP/picture alliance

44-годишниот Хегер припаѓа на конзервативното христијанско крило на движењето на Матович „Обични луѓе и независни личности“ (ОЛАНО). За разлика од поларизирачкиот Матович, тој се смета за консензуален политичар.

Повеќе:

-Чапутова - чиста спротивност на Орбан

-Чапутова за ДВ: Има индиции за испреплетеност на подземјето со претставници на јавни институции

-Словачка: Избори меѓу мафијашка структура или правна држава

Словачката претседателка Зузана Чапутова рече дека новата влада треба „да ја врати довербата на граѓаните“. Матович останува во владата како министер за финансии, ресор кој досега го држеше Хегер, додека нов министер за здравство е Владимир Ленгварски, директор на главната воена болница.

Slowakei Bratislava | Eduard Heger ist neuer Premierminister
Фотографија: Pavel Neubauer/AP/picture alliance

Здравствената состојба во Словачка во последните денови е малку подобрена.

Земјата, која со недели се наоѓаше на првото место во светот според бројот на смртни случаи по глава на жител поради коронавирусот, се наоѓа на седмото место во последните две недели со просек од 17,97 смртни случаи на 100 000 жители,  велат податоците на новинската агенција Франс прес.