1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Словенија е активен лобист за Македонија

Александар Чомовски19 јануари 2007

Словенечкиот министер за надворешни работи Димитри Рупел во Скопје се сретна со македонскиот колега Антонио Милошовски

https://p.dw.com/p/Ae3S
Фотографија: AP

Словенија останува активен лобист за македонските евроатлански аспирации,наредниот месец во Скопје ќе допатува нејзиниот премиер.Јанез Јанша завчера во Стразбур беше оптимист:на почетокот на 2008 година Македонија би можела да добие датум за почеток на преговори за членство во Унијата.Тогаш претседателствувањето со Унијата го презема Слованија,со која Словенија пет години беше поврзана во поранешната СФРЈ.Оптимистичките словенечки најави во Скопје ги потврди и шефот на дипломатијата Димитри Рупел,кој не очекува отпор кај членките на Унијата во врска со датумот за преговори за Македонија,тоа преед се ќе зависи од реформскиот курс во вашата земја,рече шефот на словенечката дипломатија:

Македонија е способна до почетокот на 2008 година да ги реализира обврските од Брисел и Словенија ќе го поддржи нејзиниот старт на преговорите со Унијата,но тоа не е порака што би можела да ги закочи реформите во вашата земја,изјави гостинот од Љубљана.

-Владата е навистина посветена и сака на нашите пријатели во Европа да им помогне полесно да лобираат за Македонија со конкретни резултати и со многу успеси кои очекуваме да се случат во 2007 година,рече шефот на македонската дипломатија Антонио Милошовски.

Новинарите прашаа дали необележената граница со Косово може да ги поремети европските перспективи и агендата за Македонија.

Демаркацијата е техничко прашање,одговори македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошовски:

-Очекуваме во финалниот документ на господинот Марти Ахтисари за Косово тоа прашање така и да биде третирано,со тоа што ќе бидат определени актерите,начинот и рокот на затворање на демеркацијата на границата бидејќи досега постоеше правен вакум за тоа кој е одговорен да го затвори тоа прашање.Мислам дека тоа ќе биде решено позитивно,на задоволство на Приштина и на Скопје.

Гостинот од Словенија оцени дека разграничувањето со Косово може да биде тешко прашање,но засега никој во ЕУ тоа не го поврзува со кандидатскиот статус на Македонија.Димитри Рупел вечерва ќе ја промовира канцеларијата на НАТО во Скопје,со која ќе раководи Словенија во наредните две години.