Словенија против проширувањето на правата на хомосексуалците
26 март 2012На вчера одржаниот референдум околу 55 проценти од населението го отфрли новиот закон кој требаше да обезбеди ист правен статус на брачните парови од ист пол со оној на хетеросексуалните. Од излезените гласачи 43 отсто го поддржале законот, соопшти Државната комисија за референдум. Изборната излезност била многу ниска - само 26 отсто.
Предложениот закон предвидува хомосексуалните двојки да можат да го регистрираат своето партерство и соодветно со тоа да можат да ги решаваат имотните и наследните прашања. Тоа на геј двојките ќе им овозможеше да ги посвојуваат децата на своите партнери. Не се дозволуваше посвојување од трети лица.
Согласно изходот на референдумот, законот донесен во 2011-та година нема да стапи во сила. Против законот беше и католичката црква, како и конзервативната Словенечка демократска партија на новиот премиер Јанез Јанша.