Словенија – Хрватска – граница
27 август 2007Реклама
По долгогодишен спор околу границата меѓу Словенија и Хрватска на море и спорните точки на копно, премиерите на двете земји се договорија проблемот да го решава Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Премиерите Јанез Јанша и Иво Санадер се согласија државите да формираат меѓудржавна комисија за границата со правни стручњаци, кои би требало до крајот на годината да подготват спогодба за хашкиот суд, а која би требало да ја потврдат и парламентите на Словенија и Хрватска. Судирот околу границата, од прогласувањето независност на двете земји во 1991 година, постојано предизвикуваше политички тензии во билатералните односи.