1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Проблемите со сметањето на времето

ЕМФ | агенции
24 март 2021

Викендов почнува летното сметање на времето. Ритуал кој на многу луѓе им носи нервоза и лош сон.

https://p.dw.com/p/3r2At
Deutschland Uhrmachermeister baut Turmuhren
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Schutt

Во недела (28.03) во 2 часот стрелките на часовникот се поместуваат за еден час нанапред - на 3 часот. Почнува летното сметање на времето, ритуал кој не го сакаат особено Германците. Наонлајн-анкетата на ЕУ за ставот околу промената на сметањето на времето учествувале најмногу Германци - од вупно 4,6 милиони учесници, 3 милиони биле граѓани на Германија.

Во анкетите на германската здравствена каса ДАК повеќе од три четвртини од испитаниците постојано се жалат на менувањето на сметањето на времето и бараат тоа да се укине. Граѓаните во истражување на здравствената каса ККХ тврдат дека менувањето на времето им влијае лошо врз сонот. Секој втор испитаник чувствува негативни последици по спиењето. Притоа, кај жените проблемите со сонот се значително почести отколку кај мажите.

Повеќе:

Кога конечно ќе се укине промената на сметањето на времето?

Еден час повеќе и - внатрешниот часовник е изместен

Во ЕУ за ставање крај на менувањето на времето се дискутира конкретно од 2018 година. Но, во моментов, оваа контроверзна тема е ставена под мраз.

Дел од земјите на Унијата се против укинување на зимското и летното сметање на времето. Меѓу нив е и Португалија, земјата претседавач со Унијата во моментов, па не е веројатно дека за оваа тема ќе се дискутира до лето.

EU Zeitumstellung
Сметањето на времето е контроверзна тема во ЕУФотографија: picture-alliance/blickwinkel/McPHOTO/C. Ohde

Летното сметање на времето во Германија е воведено во 1980 година, и тоа поради заштеда на енергија. Критичарите велат дека промената на сметањето на времето не ја исполнува оваа цел, затоа што заштедата на енергија е маргинална.