Смог над Балканот
Неколку градови во југоисточна Европа се во самиот светски врв на негативната листа на загаденост на воздухот. Скопје е меѓу нив.
Опасна зима
Видливоста изнесува само неколку метри. Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, веќе со денови е обвиткан со смог. За тоа не е виновен само густиот сообраќај. Многу жители се греат на јаглен и дрва- состојбата е особено критична во зима.
Неповолна географска позиција
Сараево лежи во долина меѓу бројни ридови и тука воздухот далеку побавно се обновува. Според Светската здравствена организација загадувањето ја чини БиХ околу 3,9 милијарди долари годишно.
Смрт поради загадување
Според податоците на македонските власти, годишно во земјата умираат околу 1.300 луѓе поради загадениот воздух. Особено е критична состојбата во Скопје.
Предупредувањата на активистите
Македонските невладини организации со години наназад предупредуваат дека загадувањето на воздухот во Скопје во текот на 269 денови годишно е над нормалата. Слично како Сараево и Скопје се наоѓа во котлина, што го олеснува задржувањето на смогот.
Старите термоелектрани- големи загадувачи
Според Европската банка за обнова и развој, термоелектраните како оваа во Обилиќ, во близина на косовскиот главен град Приштина, се меѓу најголемите загадувачи на воздухот во регионот.
„Дишењето убива“
Во Приштина минатата година беа одржани демонстрации за чист воздух. На некои транспаренти пишуваше „Breathing kills“ – „„Дишењето убива“, со алузија на натписите на кутиите цигари. Во зимските месеци жителите на Приштина имаат големи проблеми со смогот.
Драматични споредби
Поради високата загаденост на воздухот во Софија, ситуацијата во градот е „опасна како во Чернобил“, напиша поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси на Твитер. Тој му се обрати на премиерот со зборовите: „Итно ни се потребни мерки како заштитни маски во аптеките и училиштата“.