Со велосипед низ улиците на Бон
11 април 2007Заврши работниот ден – време за велосипед. Во Бон на западот на Германија, дузина членови на локалниот здружение на велосипедски клуб АДФЦ, организираа тура со велоспед и се радуваат на природата во околина на градот „Радо возам велоспиед, бидејќи мислам дека е убаво да се биде во природа. Ми причинува задоволство а и здраво е, но пред се тогаш сум на свеж воздух.“ „Самото возење, доживувањето во група, секогаш од ново тоа е увава работа. Често возам сам/а, но многу порадо со другарите од клубот.“
Германците радо возат велосипед. За повеќето од половината од нив, возењето велосипед е и една од најомилените активност во слободно време. Возење велосипед на шетање, или брз велосипедски спорт, тура со велоспиед во блиската околина или на подолги патеки можносите се големи, а Габриеле Хајкс која е членка на најголемиот велоспиедски клуб во Германија веќе поминала многу такви патеки „Да сум била на големи патувања. Еднаш отидов и во Англија. Потоа бев во Романија, во Чешка неколку пати. На тие патувања ги запознавам луѓето и земјата од сосема друг аспект многу подиректно отколку кога се патува со јавен превоз или автомобил.“ вели Габриеле
Но не само за патувања или како хоби, велоспиедот во Германија е омилен и во секојдневниот живот. Како превозно средство кое ја штити животната средина мора да има поголем простор на патиштата. Таму во моментов доминираат автомобилите вели сртручњакот за сообраќај Рајнмунд Бродел кој ги познава предностите на возење велосипед низ Бон „Значи важно е не само од здравствени или еколошки причини, дека велоспиедото не е само превозно средство кое се користи во неделите или за малите деца туку секојдневно да се употребува како превозно средство.“
Студенскиот град Бон се смета и за велосипедски град. Но тоа не беше секогаш така. Во 70тите години главниот збор го имаа автомобилите. Во меѓувреме во Бон има велосипедска патека од повеќе од 250 киломтери. Во цела Германија 17.000 киломтери, факт кој ги радува страсните велосипедисти како Габриеле „Со велосипедото одам на секаде, на работа или на купување или кога излегуваат некои работи, секаде одам со велосипедот.“
Сепак велосипедот не е многу практичен кога времето е лошо и студено или пак кога се купуваат тешките гајби со пијалоци, но кога времето е убаво велосипедот е одлично превозно средство за куси релации.
За вљубениците во велосипедите сепак времето не игра голема улога па така активистите во бонскиот велосипедски клуб своите достигнувања со педалите ги проценуваат на околу 15.000 километри годишно „Има и зимски тури од ноември до март. Возењето велоспиед причинува задоволство и во зима.“ „Еден страсен велосипедист секогаш вози понатаму, облекува кабаница и едноставно вози велосипед. “