Со лесна нога низ минско поле
1 јули 2019„Делата зборуваат посилно од зборовите." Навистина фасцинира со каква леснотија американскиот претседател надминува пречки кои се навидум непремостливи и наеднаш повторно го раздвижува конфликтот меѓу двете Кореи. Ако Ким има желба, би можеле да се сретнеме бидејќи и онака ќе бидам во близина па ако одговара зошто да не, твитна Трамп во пресрет на самитот на Г-20 што се одржа во Јапонија.
секако дека Ким Јонг Ун со благодарност ја прифати поканата со оглед на тоа дека наводно многу пријателските релации меѓу двајцата претседатели беа видливо заладени по неуспешниот самит во Ханои. Ким дури и лансираше неколку ракети само за повторно да го привлече вниманието на себе.
Може ли да наминам и јас?
Средбата се одржа во Панмунјон, на апсурдната локација каде севернокорејските и силите на сојузиниците непријателски се набљудуваат и која ја доловува целата апсурност на конфликтот. Трамп без предрасуди го праша Ким дали не може да наминат во Северна Кореја. Видливо изненадениот Ким рече дека би му било голема чест и така за прв пат во историјата америакснки претседател се најде на севернокорејско тло. Едноставно така. Без многу помпа. Ете можело! Пораката е проста: да не се чека долго, туку да се делува брзо. Било кој демократски претседател да го стореше тоа пред него, дома ќе беше линчуван од конзервативните. Како ли може да му се даде такво признание на режимот без претходно да се договорат отстапки од нивна страна! Предавник!
Неочекуван пресврт за преговори
Но, Трамп едноставно прави такви нешта. Со тоа ги изненадува сите и по децении на конфронтација ги придвижува нештата. Исто така без предрасуди уште при преземањето на претседателската функција најави генерална подготвеност за разговор со Ким. Па зошто да не. Секако дека на првиот самит во Сингапур по малку претера со прјателството бидејќи "неговиот пријател Ким" сепак останува непресметлив деспот, но сепак се создаде основа за разговри кои многу ветуваат.
и разговрите на јужнокорејска страна поминаа изненадувачки добро. Таму и претседателот Мун ја одигра својата улога кој од втор план работеше на тоа никогаш да не прекинат разговорите. Сите тројва се договорија во следниот период да сработат модус со кој преговорите ќе се унапредат и спорните прашања ќе бидат решени. Декларирана цел е целосната денуклеаризација на корејскиот полуостров, како и мировен договор меѓу Северна Кореја и сојузниците од друга страна.
Повеќе:
-Трамп и Ким: Многу театар, никаков напредок
-Нема да има нов самит Трамп-Ким
-Трамп и Ким ќе се сретнат во Ханој
Санкциите остануваат
За да има доволно притисок и додека се увиди дека Северна Кореја е навистина подготвена за преговори, острите санкции за сега остануваат во целост. Трамп можеби делува наивно, но знае како да склопи договор. О да и Трамп, на својот изненаден пријател Ким му порача дека доколку има желба и време радо може да дојде да го посети во Вашингтон. Ова се звучи многу лесно и едноставно: големите момчиња првпат се запознаа, си ја маркираа територија, а кога се знаете и се цените меѓу себе тогаш проблемите полесно се решаваат.
Но не е се така едноставно: дури и видливо изненадениот Ким во изминативе месеци беше исклучително вешт во градењето на својата преговрарачка позиција. Тој знае дека јужнокорејскиот претседател искрено се залага за мировно решение а патот до таму е долг. Тој исто така обезбеди стратешка поддршка, не само од рускиот претседател Путин, туку пред се и од заштитничката Кина. Откако тој неколкупати го посети Кси Јинг Пинг во Пекинг, навистина успеа вториот најважен играч во светската политика да го натера да дојде во официјална државна посета на Северна Кореа пред самитот на Г20.
Демонстративна солидарност со Кина
При оваа демонстративна солидарност Кси не само што вети поддршка за погодената Северна Кореја туку исто така го повика Трамп повторно да започне дијалог со Ким. Трговскиот конфликт меѓу Кина и САД веќе предизвикува доволно проблеми за двете страни и глобалната економија, поради што нема потреба и од други конфликти во соседството.
Колку што спонтаноста и непредвиливоста на Доналд Трамп често го остава светот без здив, во однос на конфликтот со Кореа со неговиот неконвенционален пристап за неколку месеци постигна многу повеќе отколку многу децении претходно. Доколку на крајот се постигне одржлив одговор со кој ќе се смири целиот регион, тогаш овој жестоко критикуван претседател во најмала рака заслужува меѓународно признание. Некогаш е потребно да се оди и по неконвенционалните патишта ако тоа води кон подобар свет. „Делата говорат посилно од зборовите."