1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Соларната енергија ќе го спасува грчкото стопанство?

3 октомври 2011

Грција иако е во економска криза, инвестира во обновливите извори на енергија. Во Драма германска компанија гради парк на соларни постројки.

https://p.dw.com/p/12F1b
Се гради парк на соларна енергија во градот ДрамаФотографија: DW

Тие работат, грчкиот инвеститор плаќа. Повеќе од милион евра, среде криза. Она што звучи нормално, за тимот на компанијата Конерџи e пред се´ чиста среќа. Инаку, моментно за германското претпријатие условите се тешки. Банките блокираат, новите проекти се замрзнати.

Административни бариери

Во 2006 година грчката влада започна да ја поттикнува изградбата на соларните постројки. Тогаш проектите мораше да ги одобри дури 31 служба. За директорот на компанијата Дитер Шмит тоа е невозможна ситуација: „Се´ трае вечно, има секако власти кои функционираат подобро, сакаат работите да се развиваат. Но, за жал ги има и оние кои блокираат, и тука е неопходна помош.”

Да се поддржат властите финансиски, за да се раздвижат работите. Се´ уште тоа на североистокот на земјата е дел од секојдневието.

Symbolbild Urlaub Sonne
Грција започна проект за користење на сончевата енергија уште во 2006-таФотографија: Fotolia

Сепак, сонцето дава надеж. Грчката влада во обновливите извори на енергија гледа важен пат кон излез од кризата. Пораки на кои Дитер Шмит и неговите колеги гледаат со одобрување.

Повеќе фотоволтажни постројки, секако радо. Но, да се извезува соларна енергија за Германија? „Можеби овие идеи ќе бидат патоказ за излез од кризата. Но, можеби тоа не се најдобрите идеи.” И тоа е благо кажано, бидејќи најголемиот проблем е грчката мрежа. Моментно во сите 54 регионални окрузи не е можно барем еднаш да се акумулира струја, а уште помалку да се извезува во Германија.

Патот е предалеку, вели Дитер Шмит. Транспортната мрежа ја прави струјата од енергијата на сонцето скапа. Најпрво, би требало банките да се вклучат, и на меѓународно ниво, со цел да се финансираат повеќе постројки како во градчето Драма.

Неискористена сончева енергија

Во споредба со Германија, во Грција за двојно повеќе сончева енергија има премалку постројки. „Ова е еден од најголемите паркови во Грција, со вкупна јачина од пет мегавати. Тоа во споредба со Германија е секако малку, каде што има соларни паркови и до 20 мегавати. А можеби некогаш ќе ги имаме и во Грција.”

Installation von Solarpanelen
Иако има многу сончеви денови, малку домови во Солун ја користат таа предностФотографија: Bundesverbandes Solarwirtschaft

Еден поглед на покривите во Солун зборува се´. Насекаде сонце, а никаде приватни соларни постројки. Понекаде само соларни бојлери за греење на водата. 

За Дитер Шмит и неговиот тим е јасно дека стопанството во земјата мора повторно да се постави на нозете. И тоа што е можно побргу. „Банките мораат да соработуваат, мораат да се финансираат проектите. Тој пазар може да добие полет. Ние нема да ја видиме втора Шпанија, како во случајот од пред две, три години. Но, ќе видиме пазар кој разумно расте и кој на Грција и´ ги носи тие можности.”

Тие имаат работа, како и многумина во нивната бранша. Предлогот соларната енергија да и´ се продава на Германија, за нив е барем позитивен сигнал. „Идејата е, како што јас го гледам тоа, Грција да почне да биде поотворена и да извезува добра.”

Автор: Кармен Мејер/ Светлана Брик

Редактор: Александра Трајковска