Сопственикот на Старбакс влегува во политика
5 јуни 2018Хауард Шулц, човекот кој од малиот ланец кафетерии во Сиетл создаде водечки светски бренд, во понеделникот најави дека се повлекува од компанијата, по што се засилија шпекулациите дека се подготвува да биде номиниран од демократите на претседателските избори во 2020 година.
Најавата на 64-годишниот Шулц веднаш предизвика шпекулации дека тој размислува да влезе во политиката преку Демократската партија. За весникот Њујорк Тајмс, Шулц изјави дека сѐ уште не одлучил за следниот потег, но „веќе извесно време длабоко сум загрижен за нашата земја - растечките поделби дома и нашиот статус во светот“.
Шулц, кој отворено го критикува претседателот Доналд Трамп, рече дека „тоа што сака да го прави во следното поглавје од својот живот е да открие дали може да пронајде улога во која ќе возврати“, не исклучувајќи притоа ни јавна служба. „Сакам да ѝ служам на мојата земја, но тоа не значи дека морам да се кандидирам за јавна функција за да го остварам тоа“.