Сопствениците на „Алди“ и „Лидл“ и натаму најбогати Германци
10 октомври 2011Сопствениците на ланците на дисконтни супермаркети „Алди“ и Лидл“ и натаму се најбогатите Германци. Со проценето богатство од 17,2 милијарди евра основачот на „Алди“ Карл Албрехт го зазема првото место на најновата листа изготвена од бизнис магазинот „Менаџер“. На второто место се наоѓа синот на неговиот брат Тео кој е соосновач на претпријатието со богатство од 16 милијарди евра. На местото број три повторно следува Дитер Шварц , во чија бизнис имерија се вбројуваат дисконтните супермаркети од ланците „Лидл“ и „Кауфланд“. Според податоците во „Листата на 500 најбогати Германци“, тој поседува богатство од преку 11,5 милијарди евра.
Најбогато семејство во Германија според магазинот „Менаџер“ е семејството Бренинкмајер, кое богатството го стекна со ланецот текстилни продавници „Ц и А“. Неговите членови поседуваат вкупно 22 милијарди евра. На местото број два е семејството основач на еден од водечките концерни во светот за средства за чистење, козметика и лепаци „Хенкел“ со девет милијарди евра, а третото место го држи семејството Ханиел со осум милијарди евра. Ова семејство меѓу другото поседува мнозински удел во трговскиот концерн „Метро“.
Автор: СН/дпа
Редактор: Борис Георгиевски