1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сплит во огнен обрач

БГ
18 јули 2017

Стотици пожарникари помогнати од локалното население и војската се обидуваат да ја запрат огнената стихија која му се заканува на вториот најголем хрватски град- Сплит. Пожари и во Црна Гора

https://p.dw.com/p/2ghq9
Portugal Waldbrände zu 95 Prozent unter Kontrolle
Фотографија: Reuters/R. Marchante

Пожарот кој веќе повеќе од 24 часа беснее во Сплит и околината досега предизвика голема материјална штета и оштети или уништи објекти во повеќе населби на периферијата на вториот по големина град во Хрватска.
Делови од градот се без вода и струја, а стотина граѓани побарале лекарска помош поради проблеми со дишењето, труење и изгореници.
И делови од Црна Гора беа зафатени од пожари. Најкритична беше состојбата во околината на Тиват и Бока Которска. Повеќе во видеото:

Сплит во огнен обрач