1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Срѓан Керим со осум противкандидати

Сабрина Пабст/сн15 април 2016

Се бара наследник на Бан Ки Мун. Мандатот на генералниот секретар на Обединетите Нации истекува во 2016 година. Постапката на претставување на кандидатите за негов наследник е отворена. Меѓу нив е и Срѓан Керим.

https://p.dw.com/p/1IUVT
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Deck

Да се живее во Њујорк, да не се плаќаат даноци и згора на тоа да се работи за мирот во светот? Звучи како работа од соништата. Професионалниот профил неопходен за ова работно место е дипломатска преговарачка вештина и подготвеност за патувања во странство, а подготвеност за работа и на викенд и знаења за актуелните случувања во светот се обврзувачки. Предност можат да бидат искуства со кризен менаџмент и со раководни позиции. Разговорите за претставување на кандидатите за највисоката функција во Светската организација пред 193 членки на Генералното Собрание на Обединетите нации се во тек. Притоа жените кандидатки, а ги има четири, имаат предност. Меѓу вкупно деветте кандидати за функцијата генерален секретар на ОН е и поранешниот македонски министер за надворешни работи Срѓан Керим. Во галеријата која следува погледнете кои се неговите ривали во трката за посакуваната функција: