Стинг со концерт го отвора Батаклан
12 ноември 2016Сите 1.000 карти за концертот се распродадени за „помалку од 30 минути“, наведоа организаторите, додавајќи дека на настапот, истотака, се поканети преживеаните во нападот, како и нивните семејства.
Стинг (65), кој на почетокот на кариерата со групата Полис одржа концерти во Батаклан, во петокот го објави својот нов албум „57th & 9th“.
Тој рече дека средствата од продажбата на картите за концертот во Батаклан ќе бидат наменети за здруженијата за помош на преживеаните во терористичкиот напад.
Според официјалните податоци, повеќе од 1.700 луѓе се сметаат, на некој начин, за жртви на напади на повеќе места во Париз, а 9 лица и натаму се наоѓаат во болница.
Концертната сала, која е реновирана, утре ќе биде затворена кога се навршува првата годишнината од терористичкиот напад и кога ќе биде одржана комеморација.
Во повеќе терористички напади на 13. ноември минатата година се убиени 130 луѓе и се ранети неколку стотици.
Меѓу оние кои го преживеаја масакрот во Батаклан е и Емил. Тој во следново видео раскажува за стршното искуство и животот потоа: