1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Полноправно членство во НАТО само по успешен референдум

СН/ агенции
25 јуни 2018

Македонија ќе добие официјална покана за НАТО дури по целосна ратификација на договорот за спорот за името со Грција, што значи и успешен референдум, истакна генералниот секретар на НАТО.

https://p.dw.com/p/30Dyu
Jens Stoltenberg NATO Generalsekretär
Фотографија: picture-alliance/Xinhua News Agency/Y. Pingfan

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави денеска оти очекува лидерите на членките на Алијансата на самитот наредниот месец да одлучат за официјален почеток на преговорите за членство на Македонија во овој воен сојуз.

„Очекувам и се надевам оти лидерите на НАТО самитот ќе одлучат за започнат пристапни преговори", изјави Столтенберг по пристигнувањето на заедничкиот состанок на министрите за надворешни работи и за одбрана на земјите членки на ЕУ во Луксембург. Лидерите на членките на НАТО ќе се сретнат на самит во Брисел на 11 и на 12 јули.

Повеќе:

-Македонски круг со креда

-Последна шанса за Македонија

-НАТО и ЕУ го поздравија договорот на Скопје и Атина

Тој истакна дека договорот за завршување на повеќедеценискиот спор за името Македонија кој го постигнаа Скопје и Атина е „историски договор, кој му пружа историска можност на Скопје“ да ѝ се приклучи на Алијансата. Но тоа, според него ќе се случи дури по финализирањето на договорот, што значи целосна негова ратификација и успешен референдум во Македонија.

Доколку договорот не го пројде референдумот, Столтенберг, како што рече не гледа како ќе биде можно Македонија да добие покана за НАТО.