Образование
Стоп за верско радикализирање на деца
4 август 2017Реклама
Алармот го активираа градинки во Чаир каде се изведувале верски обреди. Тие имале Фејсбук-прифил, но за институциите биле „невидливи“ цели три години. Ова не е прв случај религијата да вмеша прсти во образованието. Во Пробиштип неодамна учителки однесоа основци да се молат в црква. Политичарите пак менуваа закони за да ги озаконат верските лица во училниците, што е противуставно.