1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Страв и гласини во Доњецк

И.Купријанова, М. Остапчук/ С.Недевски29 мај 2014

Пукотници, редици пред продавниците и затворени канцеларии. Во предградијата на Доњецк беснеат тешки броби. Луѓето живеат во страв, кој е засилен и поради гласините кои кружат низ градот

https://p.dw.com/p/1C8Ex
Фотографија: DW/I. Kuprijanowa

Од почетокот на анти-терористичката операција против проруските сепаратисти во Доњец, постојано милионскиот град го надлетуваат борбени авиони на украинската армија. Од време на време се вклучуваат сирените во раслични делови на градот. Можат да се слушнат и експлозии, кои предизвикуваат страв и ужас кај луѓето.

Ukraine Donezk Großangriff auf Flughafen 26.5.2014
Фотографија: Reuters

За тешки борби се јавува од блискиот градски аеродром, кои вооружените сепаратисти привремено го имаа под своја контрола. Според официјални податоци сега аеродромот е повторно во рацете на владините трупи. Сепак летови од аеродромот нема со денови, изјави за ДВ, портпаролот Дмитри Козинов.

Руските телевизии шират ужасни вести

Луѓето во Доњецк живеат во страв, дека ситуацијата би можела да ескалира. Се информираат пред сѐ преку руски телевизии. На нив за насилството исклучиво се обвинуваат украинските владини сили. Дури се јавува и дека украинската армија по бробите на аеродромот има намера да спроведе акција против сепаратистите и во центарот на градот. Цивилното население е во опасност, јавуваат руските телевизии. Владата во Киев ги демантира ваквите тврдења. И градоначалникот на Доњецк, Александер Лукјанченко се обидува да ги смири граѓаните. Тој уверува дека нема да има воздушни напади врз градот. Лукјанченко уште изјави дека информациите за евакуација на Доњецк проширени од страна на медиумите не се точни.

Меѓутоа кај луѓето останува чувството на несигурност:„Од телевизија дознав дека претстои евакуација на градот. Веќе ја спакував торбата“, изјави за ДВ, Наталија од Доњецк. Нејзиниот работодавач ја пуштил порано од работа. Гласините стануваат сѐ подраматични. „Ми се јави еден човек и ми рече дека морам бргу да се симнав во подрум, зашто градот ќе бил бомбардиран“, вели за ДВ, друга жителка на Доњецк, разгневено дополнувајжи: „Олигарсите и измамниците седат во нивните вили во странство а луѓето од Доњецк мораат во подрум“.

Луѓето сакаат да го напуштат градот

Во меѓувреме животот во Доњецк продолжува дури и ако повеќето граѓани поради страв од насилство остануваат дома. Сите јавни градски претпријатија како и превозниците во градот работат редовно. Меѓутоа многу трговски центри ги затворија своите порти. така е и на централниот пазар. Со оглед на ваквите околности , многу луѓе започнаа да создаваат залихи од прехранбени производи. „Во продавниците има редици луѓе а јас не сум исклучок“, вели Викторија, која е задоволна што можела порано да си замине од работа.

Ukraine Donezk Sportzentrum
Фотографија: DW/I. Kuprijanowa

Затворени се и дел од универзитетите, училиштата и градинките. „Сите воспитувачки дојдоа на работа, ама децата останаа дома“, вели за ДВ , една жена вработена во детска градинка, која се наоѓа во близина на една улична блокада. „Постојано случаше истрели“. Поради тоа родителите се обидуваат да ги изнесат децата од Доњецк. „ Нашиот внук со воз го однесовме во Дњепропетровски, но се пукаже и на железничката станица“, вели една постара жена.

Сѐ повеќе луѓе во туристичките агенции прашуваат дали е можно да добијат некаква виза за да заминат. „ Само што ме праша еден човек за годишна виза за Бугарија. Поради случувањата во Доњецк, сакал семејството да го однесе таму“, изјави за ДВ шефот на една туристичка агенција. „ Моравме да му објасниме дека немаме соидветни овластување и затоа не можеме да му помогнеме“, вели менаџерот.

Ukraine Donezk Menschenleeres Stadtzentrum
Фотографија: DW/I. Kuprijanowa

Страв од сепаратистички терор

Ако се прашаат луѓето на улица во Доњецк, никој од нив не сака поделба на земјата. Многу имаат страв од сепаратистите кои со насилство се чини стекнуваат сѐ поголема контрола врз градот. И сепак многу жители на Доњецк го повторуваат она што го известуваат руските медиуми. „Тоа е граѓанска војна. Киевските властодржци сакаат да го уништат Доњецк и целата инфраструктура кои беше изградена за Европското првенство во фудбал во 2012 година“, вели еден жител на Доњецк.

Меѓутоа има и граѓани кои покажуваат разбирање за антитерористичката операција: „Застрашувачки е ама мораме да постапуваме против агресијата на Русија. Во спротивно му нема крај на теророт на сепаратистите“, вели Ина. И Серхиј смета дека владата во Киев треба да постапува уште поконсеквентно и решително. Воздушните напади врз градот сепак се само гласини. Вистинска закана се криминалците кои крстосуваат низ Доњецк, смета тој

.